Home » , » Oлдриџ и Батум ја превземаат лидерската улога во Портланд

Oлдриџ и Батум ја превземаат лидерската улога во Портланд

Written By Anonymous on 11.9.12 | 18:30


Пред неколку години немаше сомнеж дека Портланд Треил Блејзерс беше предводен од Брендон Рој. Но почнаа проблемите со колената. Сега сите се надеваме дека тој ќе се врати успешно почнувајќи во дресот на Минесота Тимберволвс од сезонава.

Сега на ред се другите момци да си ја одиграат улогата во Портланд.

Новиот генерален менаџер на Блејзерс Нил Олшиј говореше за „КGW Sports Sunday“ во Портланд дека тимот има момци кои се подготвени да го предводат тимот. Како такви ги напомена ЛаМаркус Олдриџ и Николас Батум.

“ЛаМаркус стори одлична работа, тој е вистински лидер. Тој е човекот кој ги спроведуваше во ред сите волонтерски припремни тренинзи, па затоа сум многу возбуден што знае да потпомогне да ги предводи младите во тимот да ги мотивира.

Кога го запознавме Ник, ние го посакувавме само неговиот потпис, но тој уште од почетокот тој даваше знаци дека може и знае повеќе. Сакаше да се наметне како еден од лидерите во тимот. Тој без никаков страв ја прифаќа одговорноста.“

Алдриџ – единствениот Ол-стар во тимот на Портланд и воопшто нивниот најдобар играч е неопходно да биде лидер. Тој свесно почна да ги превзима работите во свои раце околу таа улога уште минатата сезона.

Батјум обезбеди 4-годишен договор со Портланд вреден 46 милиони долари откако Минесота се обиде да им го украде со иста таква понуда. Со таа понуда и на негова позиција како најдобар крилен играч во тимот, тој исто така треба да биде на повисоко ниво во тимот. Најтешко ќе му биде на руки-играчот Демиан Лијард како плеј, а Батјум ќе ја има задачата да го диктира темпото во нападот и да го оневозможи нападот на противникот во одбраната. Тој е човекот кој мора да ја превземе улогата и одговорноста.

Доколку овие два играчи ја имаат лидерската палка во тимот, тогаш може да се каже дека патот кон нови подвизи и успеси на тимот од Портланд повеќе од возможен.

0 comments:

Post a Comment