Home » , » Брендон Рој вели дека можеби не е експлозивен како што беше, но е попаметен

Брендон Рој вели дека можеби не е експлозивен како што беше, но е попаметен

Written By Dragan on 20.9.12 | 20:09

Дел од тоа што го правеше Брендон Рој толку опасен со Портланд беше неговата експлозивност. Но, за жал неговите колена откажаа и му истече горивото на Рој. Неговата способност да смени правец, да забрза, да влезе толку лесно во рекетот е работа на перфекција.

Рој се откажа лани од НБА кошарката, но тоа сепак беше само едногодишно паузирање, а не пензија. Се враќа во редовите на Минесота наредната сезона, откако потпиша со Тимберволвс ова лето.

Прашањето е дали Брендон Рој некогаш ќе успее да заигра како стариот Рој што сме навикнати да го гледаме. Можеби нема да биде толку експлозивен, но според него, тој ќе биде попаметен ирач на теренот. Тоа барем го изјави самиот Рој за Денис Скот од „NBA TV“.

Ќе бидам искрен. Според мене, елевацијата што ја имам моментално не е на исто ниво. Мојата експлозивност е тука некаде, но сепак не е исто. Но, мислам дека сум попаметен играч сега. НБА сезоната е долга, а моето тело не е навикнато бидејќи паузрав цела една сезона. Моментално, се чувствувам одлично. Со тренерот Аделман ќе воспоставиме таква комуникација, да тој знае кога треба да ме внесе и да ме изнесе од теренот. Сакам да играм кошарка. Моменталлно, ништо не може да ме повлече назад. Само сакам да излезам на теренот и да покажам дека не сум заборавил да играм.“ - изјавил Брендон Рој.

0 comments:

Post a Comment