Home » , , » За Никс да успеат, Мело треба да игра како ЛеБрон

За Никс да успеат, Мело треба да игра како ЛеБрон

Written By Dragan on 20.9.12 | 20:23

Никс ќе бидат една од поинтересните приказни оваа година во новата НБА сезона, но не само затоа што играат во популарниот Њу Јорк и "Големото Јаболко".

Њу Јорк Никс го имаат еден од најталентираните тимови во лигата, но тој потенцијал никогаш не дошол до израз. Останува да видиме дали оваа година сложувалката ќе се вклопи како што треба, особено кога станува за збор за хемијата помеѓу Кармело Ентони, Амарe Стадемаер и Тајсон Чендлер. 

Според легендарниот коментатор за Никс Валт Фрејзер, Никс треба да заборават на тоа што се случуваше минатата година и дека треба да учат од Мајами Хит и ЛеБрон Џејмс. 

Кармело Ентони и ЛеБрон Џејмс играат на иста позиција и имаат слична улога на лидери во своите тимови. Единствената разлика помеѓу овие два играча е all-around играта. ЛеБрон Џејмс е подобар дефанзивец и подобар плејмејкер ... по комплетен играч во целина. Одбраната и плејмејкерството на Мело недостасуваат. Можеби тој е подобар офанзивец и поентер од ЛеБрон, но тоа не е тоа што е исклучително важно за Никс сега. Мело треба да се фокусира да ја подобри своја комплетна ефикасност на теренот, но покрај тоа треба да продолжи да биде агресивна сила во офанзивата на Мајк Вудсон. Тој е лидерот на нападот на Никс.

Рејмонд Фелтон и Амаре Стадемаер имаа хемија во pick-and-roll офанзивата во ерата на Мајк Д'Антони во Њу Јорк пред 2 сезони, а Кармело ќе мора тоа да го разбере и да дозволи таквата офанзива да се поврати во Њу Јорк. 

0 comments:

Post a Comment