Поточно, тој сака да го користи ЛаМаркус Олдриџ како што Далас го користи Дирк Новицки во игра. Ова би значело поголема можност и минутажа за руки играчот Мејерс Леонард.
Стотс за „TrailBlazersTV“ говореше какви се намерите со Oлдриџ во тимот.
“Со Алдриџ би сакал да пробам се што пробувавме со Новицки во Далас. На левиот блок тој е одличен, тој е одличен "pick-and-pop" шутер, скоро како Дирк и е скоро на исто ниво како него. Само што во некои ситуации Дирк знаел да се истакне на многу повисоко ниво, тоа сите го знаеме не треба да ви раскажувам. Би сакал тој во играта да се ослободи малку повеќе од вообичаено. Ние би можеле да го изолираме Дирк Новицки во зоната за слободни фрлања. Тешко е да се удвојува во таа област бидејќи создава проблеми. Но со Олдриџ планираме да се подобриме во врска со тоа и ќе пробуваме нови комбинации. Тој има 27 години и ќе станува се подобар и подобар.“
Стотс исто така изјави нешто и за можност петти стартер да биде дебитантот Мејерс Леонард.
“Импресиониран сум од него. Но мислам дека можам уште од сега со сигурност да тврдам дека Демиен ќе биде стартен плејмејкер. Не велам дека на повисоките луѓе им е потребно повеќе време да се адаптираат или слично. Ако тој биде фит да почне уште на отварањето на сезоната тогаш тој ќе влезе на првиот меч од сезоната. Но, не можам уште од сега да гарантирам дека тој ќе биде стартер уште во првиот меч од сезоната. Прерано е.“
Останува да видиме каква хемија ќе се создаде во играта помеѓу Олдриџ и Мејерс. Демиен Лилијард најверојатно ќе добива голема минутажа, а со тоа ќе се смени и стилот на игра на Олдриџ. Ова ќе биде интересна година да се види во што ќе прерасне тимот на Портланд Треил Блејзерс.
0 comments:
Post a Comment