“Јас верувам дека овогодинешниот тим на Бостон Селтикс е повеќе талентиран од тој во 2008 година, во која го освивме НБА шампионатот” - вели Рондо. “Но, клучот во кој се состои тимот од 2008-та година е сложноста и пријателството кои преовладувале помеѓу играчите.
Некои од соиграчите најверојатно нема да имаат иста минутажа помината на паркетот, бидејќи ние сега сме многу талентиран тим.
Кевин Гарнет во тогашниот шампионски тим во 2008-та година играше константно поголемо ниво од денешното, но Реј Ален, Џејмс Поузи и Кендрик Перкинс беа назадоволни. Тимот од 2012/13 го има подобриот Рондо и уште подобрите Тери, Кортни Ли и Џеф Грин.
Ако Кевин Гарнет и Пол Пирс продолжат да играат на истото ниво, оваа година Селтикс можеби би биле подобри. Оваа година патот до шампионската титула претставува една планина која е многу потешка и поостра за искачување. Тие можеби се и подобри, но сепак конкуренцијата денес е многу потешка.
0 comments:
Post a Comment