Home » , » Чарлс Баркли: “ЛеБрон е поголем, посилен, побрз од Џордан“ !

Чарлс Баркли: “ЛеБрон е поголем, посилен, побрз од Џордан“ !

Written By Unknown on 4.10.12 | 21:37

Ајде полека да ја трнеме настрана Коби vs. Џордан компарацијата. Време е малку време да му се посвети на ЛеБрон Џејмс. 

Не е до НБА - Македонија, туку Чарлс Баркли е голем иницијатор за развивање на оваа компарација. Тој на една емисија на „NBA.TV“ изјави дека ЛеБрон Џејмс всушност може да биде подобар од Мајкл Џордан. 

Според „Associated Press“:

“Чарлс Баркли вели дека тој никогаш не би го споредил 6 - кратниот шампион Џордан со некој играч. Но, сега вели дека 3 - кратниот MVP играч ЛеБрон Џејмс е всушност поголем, посилен и побрз од Мајкл Џордан.“

Само да расчистиме. “Поголем, посилен и побрз“ не значи подобар. Баркли е јасен во тоа. Но ова е изјава коjа можеме да ја класифицираме во оние изјави за кревање на рејтинг, бидејќи ретко кој би се осудил да направи било каква споредба со Мајкл Џордан.

ЛеБрон Џејмс сеуште ги нема ни сонето стандардите во кои што играше Мајкл Џордан. Тој можеби е најдобриот играч на денешницата, но има сеуште од својата кариера за да се докажува и да се докажува, а на крај да остави белег како првиот ЛеБрон Џејмс, а не следбеник на Мајкл Џордан. На 27 години, ЛеБрон Џејмс само што влегува во врвот од својата кариера.

0 comments:

Post a Comment