Home » , » Вашингтон Визардс: 2012/2013 сезона

Вашингтон Визардс: 2012/2013 сезона

Written By Unknown on 12.10.12 | 14:39

Минатата сезона не беше баш добра за Визардс. Рекорд од 20-46 никогаш не означува добра сезона. Но кога ќе го оставите рекордот настрана и ќе ги земете во предвид работите што ги направија Визардс во текот на сезоната, ќе сфатите дека овој тим се има подобрено. Трејдот на Џавејл МекГи и отпуштањето на тренерот Флип Соундерс прави смисла. На овој тим сега му требаат професионалци и еден "old-school" тренер за да се смени културата во тимот. Тоа и почна да се случува.

Вашингтон заглави во темниот дуел со Андреј Блеч и редно беше тој да го напушти тимот. Визардс го амнестираа Блеч изминатово лето. Ник Јанг и Рашард Луис исто така нема да ги гледаме во униформата на Визардс наредната сезона, исто како и Џавејл МекГи, за кој споменавме претходно.

Како што кажавме, Визардс направија паметни потези минатата сезона и го донесоа бразилецот Нене, откако се откажаа од МекГи. На крајот на сезоната Тревор Ариза и Емека Окафор му се придружија на тимот, што додава навистина солидни ветерани во овој ростер на Вашингтон. 
Со третиот пик на овогодинешниот драфт избран беше Бредли Бил, играч од кој се очекува многу во Вашингтон. Тој треба да биде дел од експлозивното дуо со Џон Вол на бековски позиции.


3 клучни работи за Вашингтон Визардс за наредната 2012/13 сезона:

1) Џон Вол мора да превземе нова лидерска улога во тимот.
Ова е прашањето на иднината за Визадс. Може ли Џон Вол да прерасне во лидер на тимот и ѕвезда во НБА лигата ? За Вашингтон да стане плеј-оф претендент оваа година, тие ќе мора да се потпрат на играч кој ќе им носи 20 поени и 10 асистенции секој натпревар. Џон Вол е најкомплетниот играч на овој ростер, па се очекува од него да прерасне во играч со таква улога во тимот. Секако, тој неможе сам да ги однесе Визардс во плеј-офот, па затоа тука се ветераните како Нене, Окафор и Ариза, како и младите играчи од калибарот на Бредли Бил, Кевин Серафин, Џордан Крофорд и останатите. 
Моментално Џон Вол е повреден и се очекува тој да го пропушти првиот месец, односно првите 10 натпревари за Вашингтон. Доколку тука останатите играчи на Вашингтон одиграат солидно и добро ја стартуваат сезона, тоа може да биде разликата во тоа дали Визардс ќе влезат во плеј-офот или не. 

2) Одбраната ќе биде добра. Ќе имаат ли доволно сили во нападот ?
Со Нене и Окафор во рекетот, Ариза на периметарот и дефанзивно - настроен тренер како Ренди Витмен, можете да се обложите дека Вашингтон ќе биде солиден дефанзивен тим. 
Прашањето за Вашингтон е од каде ќе доаѓаат повеќето поени и кој ќе биде шутерот што ќе ја распарчува одбраната на противникот кога Џон Вол ќе форсира на влезови во рекетот. На Визардс ќе има треба редовно - шутерска расположеност од Ариза и ќе треба да го направат Бредли Бил сериозна закана од линијата за 3 поени. Доколку останат во последните 10 тима во нападот, тоа ќе биде долга сезона за Вашингтон.

3) Колку ќе значи промената на културата на тимот ?
Во Вашингтон веќе ги нема МекГи, Ник Јанг, Андреј Блеч, а пред нив и Гилберт Аренас и Џаварис Критентон. Во Вашингтон сега има професионалци од типот на Нене и Емека Окафор.  Тимот ќе мора тотално да го смени стилот на игра, а тоа ќе се преведе во ново раѓање на тимот од Вашингтон. Со овие играчи на ростерот, се очекува за најмалку 2-3 години тимот да стане сигурен плеј-оф претендент.

Предвидувањa:
Рекорд: 35-47. Рекорд што ќе доведе во позиција да се борат за плеј-офот, а во најдобра ситуација ќе завршат од 8-10 место на истокот. Немаат многу простор за грешки, бидејќи Џон Вол ќе биде отстутен во првиот месец од сезоната, а тоа многу ги оштетува плеј-оф шансите за овој тим.

Стартна петорка:
PG: Џон Вол
SG: Бредли Бил
SF: Тревор Ариза
PF: Нене Хиларио
C: Емека Окафор

МВП на тимот: Џон Вол

0 comments:

Post a Comment