Home » , » Расел Вестбрук им се придружува на „Nike Jordan“ брендот на патики

Расел Вестбрук им се придружува на „Nike Jordan“ брендот на патики

Written By Unknown on 12.10.12 | 18:58

Откако Двејн Вејд се префрли на „Li-Ning“, остана едно место за НБА ѕвезда во брендот на „Nike Jordan“. Епа, Расел Вестбрук ќе ги спонзорира "џорданките" на терен во натпреварите со Оклахома.

“Ние сме премногу возбудени што ќе му приредиме добредојде на Расел во нашата Џордан фамилија.“ - изјави Мајкл Џордан во неговата статија.

“Стилот на Расел и на теренот и надвор од него, комбиниран со неговата љубов и посветеност на играта го прават него перфектниот човек за брендот „Jordan“. Ние ја обожаваме таа желба за кошарката што Вестбрук ја носи со себе.“

Вестбрук се придружува во доминантната компанија за кошаркарски патики - „Jordan shoes“ - компанија која зафаќа околу 70 проценти од кошаркарските патики во Соединетите Американски Држави.

 Вестбрук, ѕвезда која е сеуште во подем е одлична аквизиција за компанијата. Тој не е толку големо име како Вејд денес, но Расел е една млада ѕвезда која ќе биде наоколу уште долго време.

0 comments:

Post a Comment