Home » , » Бајнам 3 недели надвор од терените поради проблеми со коленото

Бајнам 3 недели надвор од терените поради проблеми со коленото

Written By Unknown on 1.10.12 | 19:48

Ендру Бајнам само што се врати од Германија, каде што примаше редовна терапија на своето колено, позната како терапија за Коби Брајант. Нешто што го имаше пробано и порано, но баш поради оваа терапија Бајнам беше успешен да одигра цела НБА сезона.

Овојпат се појавија и мали дополнителни проблеми со коските во неговото колено, па од Филаделфија се решија да му дадат 3 - неделен одмор, што значи дека тој ќе пропушти голем дел од тренинг - кампот на Сиксерс.

Бајнам во најдобар можен план ќе го одигра последниот пријателски натпревар против Никс на 22. Октомври, а секако дека ќе биде 100 % спремен за првиот сезонски натпревар на 31. Октомври против Денвер Нагетс и Андре Игуадала.

0 comments:

Post a Comment