Home » , » Кливленд Кавалирс: 2012/2013 сезона

Кливленд Кавалирс: 2012/2013 сезона

Written By Unknown on 1.10.12 | 12:50

Минатата сезона Кливленд беше тим кој играше во пост - ЛеБрон ерата, а покрај рекордот од 21-45, надежите за светла иднина само се зголемуваа, бидејќи првиот пик на ланскиот драфт Кајри Ирвинг играше во Ол-Стар форма и ја заслужи наградата Дебитант на годината. 
Како и да е, Кливленд беше катастофален тим минатата сезона. Беа дел од 4-те најлоши тима во дадени и примени поени, а само Вашингтон, Шарлот и Њу Орлеанс имаа полоши рекорди од нивниот. Останува да се каже: има надеж за овој млад тим, предводен од идната НБА ѕвезда Кајри Ирвинг.

Ова лето, време да замине му беше на Ентуан Џејмисон. Ветеранот сепак неможеше да биде дел од преградувачкиот процес на Кливленд, но 17.2 поени по натпревар беа солиден дел од офанзивата на Кавалирс лани. Ниту едно од останатите заминвања на играчите нема да ги повреди Кавалирс.

Генералниот менаџер на Кливленд Крис Грент оди по системот на преградување на Оклахома Сити Тандер, баш преку драфтот. Ова е трета последователна година каде што Кавалирси имаат еден од топ 5-те пика на драфтот, а со четвриот пик оваа година го избраа Дион Вејтерс. Тоа е играчот кој ќе биде дел од бековското дуо со Кајри Ирвинг.
Тајлер Зелер е исто така пик од првата рунда, кој всушност беше избран од Маверикс, но преку трејд на драфт - ноќта замина во Кливленд. С.Џ. Мајлс, Келена Азбуке и Џереми Парго се останатите играчи кои ќе консолидираат со солидна минутажа од клупата. 


3 клучни работи за Кливленд Кавалирс во наредната 2012/13 сезона:

1) Колку добри ќе бидат Дион Вејтерс и Тристан Томпсон ?
Ова не е прашање кое може лесно да се одговори. Всушност, одговор на ова прашање ќе може да најдеме најрано во Април. Но ова може да е прашањето на иднината со кое ќе се соочат челните лица на Кливленд.
Томпсон минатата сезона беше солиден играч од клупата, бележејќи 8.3 поени и 6.5 скока по натпревар. Прашањето е колкав чекор нанапред ќе направи Тристан Томпсон ? Ќе се осудат ли Кавалирс да го продлжат договорот со него по оваа сезона ?
Дион Вејтерс ќе ја одигра својата прва НБА сезона, за разлика од Тристан Томпсон. За него останува задача да го оправда високиот четврт пик на драфтот. 

2) Може ли Кајри Ирвинг да создаде доволна офанзива за Кливенд ?
Прво, не заборавајте. Кајри е одличен играч. Тој е лицето на франшизата на Кливленд и играч за кои луѓето плаќаат карти за да го видат. Не само што може да постигне лесни поени, туку може и да ги направи останатите играчи околу себе добри. 
Но, бидејќи тој е единствениот играч кој е офанзивно - опасен на овој ростер на Кливенд, прашањето е дали тој може самиот да создаде доволна офанзивна сила за Клиленд да биде опасен тим ?
Затоа мора останатите споредни играчи на Кливелнд да потпомогнат на Ирвинг, бидејќи доколку тој функционира сам како лани, тоа нема да биде добра сезона за Кавалирс.

3) Андерсон Варежао ќе мора да направи голем исчекор на својата форма.
Бразилецот Варежао игра солидно низ целата своја кариера за Кливелнд, но покрај тоа што лани одигра само 25 натпревари, тоа беше неговата најдобра сезона во кариерата. Варежао беше дабл - дабл машина за Кавалирс, а тоа го кажуваат и просеците од 10.8 поени и 11.5 скока по натпревар. Мачејќи се со повреди минатата сезона, овие бројки не беа доволни за поголем успех на Клиленд. Сега, која ќе одигра целосна сезона со плејмејкер како Кајри Ирвинг, Андерсон Варежао би требало само да се подобри, барем статистички. Тој ќе биде важен дел од иднината на Кливелнд, бидејќи пред се е млад и квалитетен центар.

Предвидувања:
Рекорд: 34-48. Ова е рекорд кој што тешко може да ги фрли во битка за место во плејофот, но ќе бидат некаде околу 10. место на истокот. Сепак ова е млад тим, а има и време за цели како плејофот.

Стартна петорка:
PG: Кајри Ирвинг
SG: Дион Вејтерс
SF: Алонзо Џи
PF: Тристан Томпсон
C: Андерсон Варежао

МВП на тимот: Кајри Ирвинг

0 comments:

Post a Comment