Home » , » Анализа на 4-те натпревари синоќа

Анализа на 4-те натпревари синоќа

Written By Unknown on 10.10.12 | 12:47

Синоќа (09.10.2012) се одиграа 4 претсезонски натпревари во НБА лигата, додека Далас Маверикс гостуваа во Шпанија за дуел со Барселона Регал.

Маверикс го забележаа нивниот прв пораз на Евро - турнејата, губејќи синиќа против Барселона на шпанско тло, со резултат 85-99. 
Дирк Новицки не играше на овој натпревар за Далас, поради проблеми со неговото колено. На негово место стартуваше Елтон Бренд и тој постигна 10 поени и 3 скока во 32 минути на теренот. Сепак кај Маверикс најефикасен беше Крис Кејмен, кој имаше 15 поени, 10 скока и 1 изблокиран шут. 
Кај домаќините Барселона, најдобар играч беше Хуан Карлос Наваро. Наваро одигра 24 минути од клупата, а својата ефикасност како 6-ти играч максимално ја покажа, постигнувајќи 19 поени, со помош на 5 тројки. Исто така 19 поени имаше и Пабло Мајкл.

Милвоки Бакс гостуваа кај Кливленд Кавалирс за да одиграат пријателски натпревар и успеаја да слават на гости. Со конечен резултат од 97-80, Бакси ја забележаа првата претсезонска победа. 
Очекувано, кај Милвоки најдобри играчи беа Брендон Џенингс и Монта Елис, откако и двајцата постигнаа по 15 поени. Најновата ''срна" Маркис Дениелс постигна 10 поени и 6 скока од клупата.
Кај домаќините Кливленд Кавалирс најдобар беше С.Џ. Мајлс, кој постигна 18 поени со помош на 4 тројки, како стартер. Кајри Ирвинг одигра 20 минути на стартната племејкеркса позиција и постигна 10 поени во 20 минути.

Мемфис и Чикаго одиграа интересен натпревар, кој сепак заврши со победа на домаќините од 92-88. Ова е првиот претсезонски натпревар за Булси, кои ќе мора да се навикнат да играат без Дерик Роуз во стартната петорка. 
Крк Хајнрих стартуваше на плејмејкерската позиција за Булс и постигна 5 поени и 7 асистенции во 24 минути на теренот. Сепак кај Чикаго најефикасен беше Луол Денг, со 18 поени и 2 украдени топки. Нејт Робинсон и Назр Мохамед имаа по 13 поени од клупата. 
Роналд Мареј беше изненадувачки најдобар кај Мемфис Гризлис, постигнувајќи 11 поени во 26 минути на теренот од клупата. Кај стартерите најдобар беше Зек Рендолф, кој постигна скромни 8 поени и 7 скока.

И на крајот, двете најслаби екипи на истокот и западот минатата година се сретнаа во уште еден претсезонски натпревар. Шарлот Бобкетс гостуваа кај Њу Орлеанс Хорнетс. Домаќините сепак беа убедливи во оваа победа и славеа со конечни 97-82. 
Ентони Дејвис покажа зошто е прв пик на овогодинешниот драфт, откако поситигна 22 поени, фати 9 скока и изблокира 1 шут. Тотална доминација на Дејвис во 30 минути на теренот како стартер за Хорнетс. Робин Лопез имаше исто така супериорен натпревар, постигнувајќи 15 поени, 13 скока и 3 блока, во 33 минути на стартната центарска позиција. Рајан Андерсон покажа зошто беше најдобриот шутер за тројки минатата година, па постигна 15 поени и беше 5-6 од линијата за 3 поени. Другиот дебитант за Хорнетс, Остин Риверс постигна 13 поени на натпреварот.
Бен Гордон имаше најдобар натпревар за Шарлот Бобкетс. Британецот уфрли 15 поени во 23 минути од клупата. Дебитантот Мајкл Кид - Гилхрист имаше 10 поени, додека Бајрон Маленс поситгна 14 поени со помош на 4 тројки.

0 comments:

Post a Comment