Home » , » Крис Пол се враќа од повредата, но нема да игра против Мајами во Кина

Крис Пол се враќа од повредата, но нема да игра против Мајами во Кина

Written By Unknown on 10.10.12 | 19:05

Крис Пол се врати на теренот заедно со своите соиграчи. Тој претходно имаше забрана од тимските доктори поради операција на палецот, но сега веќе доби дозвола да им се приклучи на вообичаените припремни тренинзи. 

Тоа е добрата вест.  Додека лошата вест е тоа што тој најверојатно нема да игра на двата претсезонски натпревари кои ќе ги одиграат Лос Анџелес Клиперс и Мајами Хит во Кина. Клиперс сепак играат внимателно кога се работи за физичката подготвеност и здравјето на нивната ѕвезда.

Тој исто така би можел да пропушти и некои претсезонски натпревари кои ќе се играат и на американско тло. На првиот тренинг во Пекинг, Пол звучеше позитивно. Еве што тој изјави за „Clippers.com“:

“Чувството е прекрасно. Конечно можам да тренирам како и останатите во тимот. Се чувствував како дури сега да сум потпишал за тимот. Се чувствувам малку застарен, но знам дека ќе се вратам во шемата и тоа многу посилно од порано.”

Доколку Клиперс треба да играат во поскоро време со Оклахома или со Лејкерс, тогаш тие мораат да го имаат на располагање Крис Пол за да бидат рамноправни противници. Но сепак, треба да внимаваат и на последиците кои може да ги сноси Пол. Сепак одлуката за негово неиграње во Кина е вистинска, а штетата за тоа ќе ја претрпат само фановите на НБА во Кина, кои со нетрпение го очекуваа неговото шоу.

Исто така во тимот се врати и Грент Хил. Тој доби неколку екстра денови за одмор и не играше во првиот претсезонски натпревар, кој беше одржан во минатиов петок со Денвер Нагетс.

0 comments:

Post a Comment