Харден (23), пристигна во Рокетси во Саботата во трејд преку Оклахома Сити Тандер. Денес двете страни, поточно и Харден и Рокетси се согласија на ваков договор.
Рокетси ги пратија Кевин Мартин, Џереми Лемб и два пика од првата рунда од следната година во Оклахома, додека покрај Харден ги примија Лазар Хејвурд, Кол Алдрич и Декван Кук.
Тандер му понудија на Хардени 5 годишен договор вреден 54 милиони долари, пред Харден да ја одбие оваа понуда. Рокетси на Харден гледаат како идна ѕвезда и ќе стартува заедно со Џереми Лин во првите две позиции.
Харден бележеше 16.8 поени, 4.1 скок и 3.7 асистенции и минатата сезона и беше прогласен за шести играч на сезоната.
0 comments:
Post a Comment