Следува и втората ноќ исполнета со НБА акција, овојпат на програмата се 9 интересни натпревари.
00:00
Откако освоија плејоф серии по 7 години пауза, Пејсерс се качуваат на ново скалило. Тимот заврши со трансформацијата уште лани, па по изненадувачката ланска сезона, влегуваат во сезона со многу големи очекувања.
Тимот на Индијана вечерва ќе биде без Дени Грејнџер, па голем дел од офанзивата ќе лежи во рацете на Пол Џорџ, Џералд Грин, Рој Хиберт и Џорџ Хил. Како и да е, вечерва играат против Торонто Репторс, па можеме да кажеме дека се благи фаворити во оваа пресметка.
Репторс исто така се при крај со процесот на преградување на тимот, а младите играчи како Џонас Валанкунас, ДеМар ДеРоузан и Кајл Лаури ветуваат многу сезонава. Голем дел од играта на Репторс ќе доаѓа од овие тројца играчи, но не треба да ги заборавиме и ветераните во тимот како Калдерон и Барњани, кои исто така се од голем придонес во тимот на Репторс. Торонто почнува сезона во која ќе брка плејоф пласман, па ќе мора да почнат да импресионираат уште вечерва.
00:00
Ова е дуелот кој ќе привлече многу внимание вечерва. Се очекува да биде најинтересен дуел, токму поради враќањето на Андре Игуадала во Филаделфија, каде што ќе треба да се сретне со својот поранешен тим - Филаделфија СевентиСиксерс.
Тимот на Даг Колинс има предност од домашен терен, но покрај сите вакви слични фактори, се очекува жестока борба на теренот. Филаделфија влегува во сезона со големи очекувања, токму поради тоа што ГМ на Сиксерс беше храбар да се отказе од играч на франшизата како Игуадала и да доведе нова ѕвезда која почнува да сјае се повеќе и повеќе, центарот Ендру Бајнам. Сепак, не се очекува од Бајнам да заигра вечерва, па останува да видиме како Колинс ќе ја среди работата во рекетот.
Денвер исто така прави голем исчекор и ја започнува сезоната како еден сериозен плејоф претендент, од кого се очекува длабок влез во постсезоната. Андре Игуадала е нов лидер на тимот, а останатите играчи како Тај Лосон, Данило Галинари и Џавејл МекГи не се ништо помалку важни во тимот.
Како и да е, очекуваме интересен натпревар од секој аспект во Филаделфија.
00:30
Еден од потценетите дуели за вечерва, но сепак очекувајте интересен развој на настанаите во Детроит. Хјустон ја започнува сезоната тотално различно од очекуваното и со новото засилување на Џејмс Харден тие можеби се и плејоф претенденти. Многу се очекува од Харден и Лин, особено сега кога "Брадата" беше донесен во редовите на Рокетс - тим кој се бори за плејоф, откако играше во тим кој беше претендент за титулата како Оклахома.
Ќе биде интересно да го гледаме развивањето на дебитантот на Пистонс Андре Драмонд низ текот на сезоната и ќе бидеме нетрпеливи за да го видиме како стартер за Детроит. Заедно со Грег Монро ќе бидат едни од најексплозивните центарски дуа во лигата, но сепак, талентот е талент и мора еден ден да се докаже.
01:00
Интер - конференциски дуел за старт на новата сезона ќе биде исто така интересен во Чикаго. Младите Сакраменто Кингс ќе се соочат со Чикаго Булс, тим кој ќе си го бара патот оваа сезона без Дерик Роуз во тимот.
Казнс, Тортон и Еванс ќе мора да прераснат во лидери на тимот и да направат голем исчекор во својата игра оваа сезона. Сакраменто го има потребниот талент веќе неколку години, но тој талент никако да дојде до израз. Еве уште една сезона и уште една шанса плус за тие да се докажат дека високите избори на драфтовите последниве неколку години во Сакраменто вределе.
Булси најверојатно ќе играат со Нејт Робинсон како стартен плејмејкер, откако и Кирк Хајнрих се повреди во претсезоната. Робинсон како стартер ќе значи помалку одбрана на почетокот на натпреварот кај Булси, но знаеме за брзината, експлозивноста и презиноста што ја носи Робинсон на офанзивниот крај. Луал Денг и Карлос Бузер ќе бидат главните играчи кај Тибодо во нападот, а овие двајца ќе мора и да се навикнат на тоа низ целата сезона.
Останатите натпревари:
ЛА Клиперс 03:30 Мемфис Гризлис
Стриминзи за следење на овие натпревари ќе пронајдете на овој линк.
0 comments:
Post a Comment