Звучи слично, зар не? Но една е разликата помеѓу овие два играча во првите шест сезони од нивните кариера. Суперѕвездата на Тандер игра со далеку помал притисок. Со добра причина, сите медиуми и критичари зборуваат за одличната сезона на Дурент, која можеби ќе биде зачинета и со MVP наградата. Но тука се стишуваат сите муабети за неговата потрага по титула. Пред Ол-Стар викендот започнаа такви муабети, за тоа какви ќе бидат последиците доколку тој не ја освои својата прва титула на крајот од оваа сезона. Минатата сезона, многумина не зборуваа за тоа поради повредата на неговиот соиграч и Ол-Стар играч Расел Вестбрук, кој се повреди во првата рунда од плејофот.
![nbamkd.com](http://nbamkd.com/wp-content/uploads/2014/02/nbamkd.com_40.jpg)
Седмата сезона за Џејмс беше и последна со Кавалирс. Тие беа елеминирани во конференциските финалиња во Истокот и истото лето ЛеБрон кажа дека ќе го напушти Кливленд, односно ја донесе "одлуката". Но и во таа сезона и во шесте пред тоа, Џејмс никогаш немаше соиграч од типот на Вестбрук. Во вторникот при гостувањето на Мајами во Феникс тој беше запрашан кога притисокот за титулата ќе се тргне од него и ќе се префрли кај Дурент.
Кога јас ќе се пензионирам. Освоив две титули и еве, уште се зборува дали ќе освојам трета. Знаете... - изјави Џејмс. За него, очигледно е дека е неверојатен играч. И јас сум еден од оние што мислат дека освојувањето на титула не ја дефинира кариерата на еден играч. Имало многу великани кои што не освоиле титула и е навистина жално што не го направиле тоа.Џејмс всушност и беше во тој клуб се додека не ги освои титулите во 2012 и 2013 година. Тоа беа неговата деветта и десетта сезона. Мајкл Џордан освои прстен во својата седма сезона. И тоа е токму сезоната која ја игра Дурент моментално.
Навистина незнам кога ќе почне да игра под притисок. Се надевам дека воопшто нема. Мислам дека не ни треба да помине низ тоа. Она што до сега го направил за градот на Оклахома и за неговите соиграчи е неверојатно. И ќе видиме што ќе се случи. Секоја сезона тој ќе биде конкурент за титулата само затоа што е играч каков што е. И тие имаат одличен тим.
0 comments:
Post a Comment