Минесота Тимберволвс работеа и работеа да го состават нивниот ростер со длабочина на секоја позиција, во случај да се случат потешки повреди на нивните ѕвезди. Искршената рака и отсуството на Кевин Лав ќе биде навистина солиден тест за длабочината на ростерот на Минесота Тимберволвс.
2 - кратниот Ол-Стар играч Кевин Лав ќе отсуствува 6-8 недели од терените, поради повреда на својата десна рака при тренинг со неговата екипа Минесота Тимберволвс.
Ова ќе биде тешко за прифаќаше од страна на Волвси, бидејќи оваа повреда на Лав може да значи крај на нивните плејоф надежи. Да потсетиме дека исто така и шпанецот Рики Рубио ќе отсуствува повеќе од 6 недели од терените, откако ги искина лигаментите на коленото минатата пролет.
Сега на Тимберволвс ќе им треба голема помош од играчите како Дерик Вилиајмс, Андреи Киркиленко и секако, Брендон Рој. Тука лежат шансите за плејоф кај Минесота.
0 comments:
Post a Comment