Home » , » Стадемаер надвор од терените 6-8 недели

Стадемаер надвор од терените 6-8 недели

Written By Unknown on 31.10.12 | 11:15

Во понеделникот почнаа гласините дека Амаре Стадемаер ќе паузира 6 - 8 недели, бидејќи неговото колено сеуште му причинува проблеми. Никој не остана шокиран.

Во вторникот Никс ја потврдија ситуацијата - Стадемаер ќе оди на артроскопска операција на левото колено.

Кога ќе пресметаме, Стадемаер би требало да се врати на половина од Декември. Тоа се околу 20 пропуштени натпревари за него.

Мајк Вудсон се колеба дали да го игра Кармело Ентони на позиција четворка, која досега беше резервирана за Стадемаер. Но, Мело игра доста добро како високо крило, а и Никси се подобар тим кога тој е таму. Статистиката го докажува ова.

Повредата на Стадемаер ќе ги натера Вудсон и Ентони да го направат тоа што е правилно и најпаметно за тимот, играњето на Ентони во постот.

Но, ситуацијата е далеку од добра за Никс. Оваа повреда го наметнува Маркус Кемби како решение за првиот натпревар што не е баш сјајно, Рашид Волис пак е спремен психички да се бори, но неговото тело е надвор од форма. Останува само Крис Коупленд. Тајсон Чендлер и онака ќе се изнаигра уште на почетокот на сезоната.

0 comments:

Post a Comment