Чекањето одговор на тоа дали Коби ќе игра или не против Далас ноќва е готово. Лејкерс ќе бидат комплетни на нивниот прв сезонски натпревари и Коби Брајант ќе биде дел од Големата четворка.
Стив Неш, Коби Брајант, Мета Ворлс Пис, Пау Гасол и Двајт Хауард ќе бидат стартерите за Лејкерс против Маверикс, што значи дека стапалото на Коби е во ред, барем колку да игра на првиот натпревар од сезоната.
Пред малку Брајант на својот „Facebook“ профил ја објави оваа вест.
“Се чувствувам добро за да заиграм вечерва. Ќе го заштитам што е можно повеќе моето стапало. Возбуден сум за почетокот на уште едно патување низ сезоната исто како што сте вие. Време е. Мамбата е на терен !“
0 comments:
Post a Comment