Home » , » Кортни Ли вели дека се одлучил за Селтикс, иако имал подобри понуди

Кортни Ли вели дека се одлучил за Селтикс, иако имал подобри понуди

Written By Unknown on 1.10.12 | 11:48

Новиот бек - шутер на Бостон Селтикс Кортни Ли, вели дека ова лето ги одбрал Бостон Селтикс за тим во кој ќе продолжи, иако имал понуди со повеќе пари од другите тимови.

“Без разлика на било што, очекувањата на овој тим секоја година се исти, да победуваат. Јас дојдов тука бидејќи сакам да победувам.“ - изјави Кортни Ли.

“Зборувајќи со Ражон Рондо ова лето, тој исто така кажа дека е гладен за нови победи и дека сака да победува. Тој ја има истата мисла како и јас, сака да победи и да го освои НБА шампионатот. Не само оваа година, туку и во идинината.“ - додаде Ли.

Кортни Ли исто така изјави дека пријателството со Рондо играло голема улога во потпишувањето на договор со Селтикс. Рондо играше за универзитетот на Кентаки, додека Ли играше за Западен Кентаки.

“Имаше и други тимови ова лето кои ми пружија супер услови. Сите други тимови ми понудија и повеќе пари, но мојата цел е да победувам и нема ништо подобро од победата. Имам такво слично искуство од мојата дебитантска сезона, кога со Орландо Меџик стигнавме до финалето и тоа беше неверојатно, незаборавно.“ - заврши Кортни Ли.

0 comments:

Post a Comment