Home » , » Животот лета капетане!

Животот лета капетане!

Written By Anonymous on 1.10.12 | 12:03

Денес навршуваат 19 години од смртта на еден од најдобрите европски кошаркари, Дражен Петрович - кошаркарскиот Моцарт. 7 јуни 1993 година го напушти овој свет, но од срцата на кошарските фанови никогаш не си замина.

Автомобилската несреќа во Денкдорф, надалеку од Ингелштад, на 7 јуни 1993 година беше причина за смртта на еден од најдобрите европски кошаракари во историјата.
Можеби имаше војна во Хрватска, смртта беснееше наколу, но власта со прераното заминување на Моцарт никого не остави рамнодушен.

Дражен почна да игра кошарка во својот роден град Шибеник.Неговиот постар брат Ацо, тренирал тогаш во Шибеник и желбата на Дражен и љубовта кон кошарката се јавила токму кога ги следел тренинзите на својот брат. Пред на оди нашколо доаѓал во празниот двор и после тренингот останувал сам и касно до ноќта кој знае колку пати шутирал на кошот. Тој просто беше неверојатен талент со својот скок шут и прецизен пред се.

Својата прекрасна кариера исполнета со незаборавни партии и голем брои на трофеи ја почнал со своите 15 години на еден натпревар на кошаркарското првенство во Југославија. Кошаркарската Јавност тогаш за прв пат се запозна со играчот кој во наредните 10 години ќе ја обележи европската, а и светската кошарка. 1982 година тој дебитираше за репрезентацијата на Југославија, а најдобрите парии во својата кариера ги одигра во дресот на Шибеник.

По 4 години поминати во Загреб, неговиот пат се продолжува во Реал. За само една сезона помината во дресот на големиот Реал покажа зошто е најголем. Во финалето на Европскиот Куп против Снаидер постигна неверојатни 62 поени, а за тоа како Моцарт живееше за спорт и кошарка сведочи познатата анегдота на неговиот брат Ацо која вели :

“Играме ние и Реал.Крај на натпреварот.Дражен има еден за еден. Имаме голема припрема во случај на победа и како неговиот постар брат му се приближува и го моли да ги промаши двете слободни фрлања.-Дражен те молам промаши, вас ви е судено, во Мадрид и онака ќе стигнете лесно до победата.Имаме припреми, големи припреми - ТЕ МОЛАМ ! Дражен само се насмеа и ги погоди двете.Едноставно не знаеше да губи.“

По Шибеник и Мадрид на Дражен му требаа нови предизвици. Со титулата на најдобар европски кошаркар тргна во НБА лигата,  време кога кон кошаркарите од НБА се гледаше секогаш со потсмев. Меѓутоа Моцарт беше тој кој рушеше рекори, тој беше победник и еден од првиоте кој влегле како европски кошаракари во НБА лигата.

Првата негова сезона не беше за памтење. Траил Блејзерси ги имаа Дрекслер и Портер, па така да Петрович добиваше помала минутажа. Но кога му се нудеше таа тој знаеше дека заслужува повеќе, постигнуваше поени и веруваше дека може да успее во НБА лигата. Од Блејзерси оди во Нетси и таму се пронаоѓа себе си. Првата сезона ја завршува со просек од 10 поени во натпревар, но веќе во втората е најдобар стрелец на бековите и е профилиран како еден од најдобрите НБА шутери. Втората сезона во Нетси ја завршува со 20,6 поени по натпревар. По тоа следеа ОИ игрите во Барселона каде со Хрватска го освојува среброто и игра незаборавно финале со Дрим Тимот.

Сезоната после ОИ во Барселона, беше на жалост и последна во неговата кариера. Играта која ја пружеше во Нетси беше одична, но за најдобриот европски кошаркар не стигна покана за настап на Ол Стар натпреварот. Сезоната ја завшува меѓу најдобрите 15 стрелци на сезоната со просек од 22,3 поени по натпревар со сјајни 87% од линијата за слободни фрлања. Во натпреварот против Хјустон Рокетс и Хакем Олујаџавон постигнува рекорд по бројот на постигнати поени - 44.

Натпреварот за квалификации за ЕП помеѓу Хрватска и Словенија на 6 јуни 1993 година во Вролкава е и последен за Моцарт, а поенот од линијата за слободни фрлања е негов последен поен.

Дражен Петрович едноставно живееше за Спорт, особено за кошарката, а за сето тоа е награден со многу признанија.Дресот со бројот 3 во салата на Нетси се наоѓа на самиот врв и сите ги потсеќа на Дражен. Никој веќе нема да го носи во Нетси. Халата на Спортот го доби името по него, отворен е и музеј кој го носи неговото име, а приситигна и најголемото признание од НБА лигата. Влезен е во Куќата на Славните, од оние кој некогаш го омаложавуваа, од оние кој некогаш мислеа дека во НБА лигата не успеваат Европјаните.

Животот поминува, Моцарт веќе не свири, но сеуште живее, во светот на љубимците на кошарката.

0 comments:

Post a Comment