Home » , » Хјустон победува над Оклахома во дебито на Џереми Лин; анализа на синоќешните натпревари

Хјустон победува над Оклахома во дебито на Џереми Лин; анализа на синоќешните натпревари

Written By Unknown on 11.10.12 | 13:11

Синоќа се одиграа 6 натпревари на НБА програмата, а најинтересен беше натпреварот во кој дебитираше Џереми Лин за Хјустон Рокетс, натпревар во кој славеа домаќините над Оклахома Сити Тандер со конечни 107-105.

Ова сепак е само претсезонски натпревар и не ни се очекуваше многу Линсенити акција на теренот. Лин одигра само 20 минути и поситгна 3 поени и 6 асистенции. Најефикасен во редовите на Рокетс беше дебитантот Терент Џоунс, кој играше како вистинска ѕвезда на теренот. Џоунс постигна 20 поени и 6 скока, во 25 минути на теренот. Другиот дебитант во редовите на Хјустон Џереми Лемб имаше 12 поени. 
Кај Оклахома најдобар беше Расел Вестбрук, кој уфрли 19 поени во 16 минути на теренот. Кевин Дурент имаше 13 поени, играјќи 20 минути на теренот.


Исто така интересен претсезонски натпревар се играше во Детроит, каде што Пистонс ги пречекаа Торонто Рапторс. Детроит тесно славеше со 101-99, а најзаслужен за победата беше Грег Монро со неговите 17 поени и 10 скока. Брендон Најт имаше 14 поени и 6 асистенции, а супериорен во неговото НБА деби беше Андре Драмонд. Драмонд беше насекаде на теренот и неговите 23 минути од НБА акција максимално ги искористи. Тој уфрли 12 поени, а фати 7 скока и 2 блока.
За Торонто најдобар беше ДеМар ДеРоузан, кој заврши со 17 поени. Џон Лукас имаше 16 поени од клупата. 

Минесота Тимберволвс и Индијана Пејсерс одиграа претсезонски натпревар, а тоа значеше прв кам - бек натпревар на Брендон Рој, откако се пензионираше пред стартот на минатата сезона. 

Минесота славеше убедливо над Индијана со 84-70, а Брендон Рој се најде во стартната петорка и постигна 13 поени и 4 скока во 24 минути на теренот. Никола Пековиќ и Чејс Бадинџер постигнаа по 14 поени и беа воедно најефикасни во овој натпревар. Кевин Лав, свеж по освојувањето на златниот медал со репрезентацијата на САД уфрли 12 поени и 8 скока. 
Индијана играше со многу ослабен состав. Во стартната петорка ги немаше Дени Грејнџер, Дејвид Вест и Џорџ Хил. Пол Џорџ играше како главна ѕвезда на натпреварот и постигна 16 поени и 6 скока, но исфрлен беше од игра поради своите 6 фаули.


Портланд и ЛА Лејкерс го одиграа последниот натпревар синоќа, а Треил Блејзерс им го нанесоа вториот претсезонски пораз на Лејкерс, откако славеа на гости со 93-75.
Тука импресионираше дебитантот Демиан Лилијард, кој имаше 14 поени, 7 асистенции и 5 скока во 24-минутното деби на новиот плејмејкер на Блејзерс. 14 поени и 8 скока имаше ЛаМаркус Олдриџ, откако стартуваше на центарската позиција за Портланд.
За Лејкерс најдобар беше Стив Неш, откако постигна 13 поени, 4 асистенции, 4 скока и украде 2 топки во 25 минути на теренот. Мета Ворлдс Пис имаше 12 поени и 5 скока како стартер за Лејкерси.

На останатите 2 натпревара:
Атланта Хокс 99-101 Сан Антонио Спарс 
Феникс Санс 96-102 Сакраменто Кингс

Погледнете ги и најдобрите 10 потези од синоќешните 6 натпревари:

0 comments:

Post a Comment