Home » , » Рој :“Благослов е повторно да се игра кошарка“

Рој :“Благослов е повторно да се игра кошарка“

Written By Anonymous on 11.10.12 | 16:36


Во среда по доста дого време на паркетите официјално се врати Брендон Рој, овој пат како член на Минесота Тимбевулвс.

Рој беше сосема блиску до крајот на својата кариера по честите кронични проблеми со коленото. Сепак успеа да ги победи сите здравствени проблеми и да се врати таму каде што припаѓа, на кошаркарските терени, но не во својот единствен тим каде што играше од 2006 до 2011 туку во Минесота.

“Благослов е повторно да се игра кошарка. Среќен сум како мало дете.“ - вели Рој по одиграниот натпревар против Индијана.

Овој кошаркар во Портланд дојде како 6 пик од драфтот во 2006 година. Беше лидер на генерацијата на Портланд која ги сочинуваше и Грег Оден и ЛаМаркус Олдриџ. Три пати настапи на Ол Стар натпреварот. Во 2007 година беше и руки на годината.

“Добив нова шанса за игра и сакам да ја искористам. Нема да биде лесно и ќе продолжувам да се докажувам.“ - заклучи овој бек-шутер.

0 comments:

Post a Comment