Home » , » Најголемото прашање моментално: дали Џејмс Харден ќе продолжи со Тандер ?

Најголемото прашање моментално: дали Џејмс Харден ќе продолжи со Тандер ?

Written By Unknown on 20.10.12 | 16:29

Прашањето не е дали Џејмс Харден сака да остане во Оклахома, тој изјави повеќе пати дека сака да биде дел од тимот. Прашањето е дали Оклахома го сака Џејмс Харден.

Но, прашањата секогаш се за парите. До 31. Октомври Оклахома мора да донесе одлука за продолжување на договорот на Харден (4 години – 58 милиони долари), а ако не донесе Харден е автоматски слободен агент од следното лето. Оклахома ги продолжија договорите со Кевин Дурент, Расел Вестбрук и Серж Ибака летово.

Марк Стејн за „ESPN“ објасни дека Тандер има буџет од 70.8 милиони долари за сезоната 2013-2014. Стејн исто така изјави дека Харден може да има случај ист со Џо Џонсон, кој го напушти Феникс и стана ѕвезда во Атланта.

Харден има право да донесува одлуки за неговата кариера. Тандер имаат право да одлучат дали ќе платат или не. Но, до 31 октовмри прашањата ќе бидат одговорени. Дали Харден ќе остане во Оклахома или не ?

0 comments:

Post a Comment