Home » , » Џереми Лин и Кевин Мартин им ја носат втората претсезонска победа на Рокетс

Џереми Лин и Кевин Мартин им ја носат втората претсезонска победа на Рокетс

Written By Unknown on 13.10.12 | 12:10

Хјустон Рокетс синоќа ја оставрија втората претсезонска победа, откако славеа на домашен терен против Њу Орлеанс Хорнетс со убедливи 95-75.

Тројцата клучни играчи за Рокетс одиграа на врвно ниво, па тоа беше причината за убедливата победа на Хјустон. Џереми Лин постигна 7 асистенции и 9 поени, Кевин Мартин имаше 17 поени и Омер Ашик фати 15 скока и постигна 6 поени. Дебитантот од клупата Донатас Мотиенхас одигра солидни 19 минути и уфрли 13 поени.
Кај гостите од Њу Орлеанс, ослабени со отуството на Ентони Дејвис, најефикасен беше Ал-Фарук Амину со 15 поени и 5 скока во 30 минути. Робин Лопез исто така одигра солиден натпревар со 10 поени и 8 скока.

Спарс и Нагетс одиграа интересен натпревар во Сан Антонио, натпревар кој заврши во полза на Денвер со конечни 97-91.

Супериорен натпревар одигра Кори Бруер, кој во 23 минути од клупата постигна 24 поени и 4 скока. Данило Галинари беше најефикасен од стартерите постигнувајќи 19 поени, додека новиот Андре Игуадала постигна 11 поени и 6 скока.
Кај домаќините одличен натпревар одигра ветеранот Тим Данкан, кој во 26 минути постигна 21 поен и 8скока. Гери Нил и Стивен Џексон беа одлични освежувања од клупата, консолидирајќи со 19, односно 13 поени.


На останатите натпревари:
Детроит 75-82 Торонто
Минесота 91-96 Индијана
Кливленд 86-83 Чикаго
Оклахома 81-97 Јута
Портланд 93-104 Феникс

0 comments:

Post a Comment