Home » , » Фишер назад во Лејкерс ?

Фишер назад во Лејкерс ?

Written By Unknown on 13.10.12 | 13:43

Моментално се шират гласини дека 37 - годишниот Дерек Фишер би можел да се врати во редовите на ЛА Лејкерс, откако помина само 2 месеци во редовите на Оклахома Сити Тандер по трејдот од Лејкерс. 

Никогаш не вели никогаш. Тоа е слоганот на кој што треба да мисли искусниот Д-Фиш, но за да се оствари таквиот потег од страна на Лејкерс, шансите стојат веднаш до “никогаш“.

Според Марк Стејн од „ESPN“ Лејкерс би можеле да го земат во предвид овој потег, бидејќи Коби Брајант го сака Фишер, но повторно Марк Стејн вели дека многу парчиња на едно место нема да се сложат правилно.

Моментално не е изводливо за Лејкерс да го доведат Фишер, бидејќи правилата на лигатa не им дозволуваат да потпишат со играч кој е трејдуван и потоа амнестиран (од Хјустон во случајов) во рок од една година по потпишување на договорот. Тоа значи дека 15. Март 2013 година е најраниот датум на кој Лејкерс може да го потпишат Фишер.

Други извори пак кажуваат дека Лејкерс пробуваат да донесат некој посеризен заменик на Стив Неш на плејмејкерската позиција, па така да Стив Блејк и Крис Духон можно е да бидат трејдувани со било кој заинтересиран тим.

0 comments:

Post a Comment