Home » , » Новата ера на Бруклин започната со победа, Клиперси првпат слават во Кина

Новата ера на Бруклин започната со победа, Клиперси првпат слават во Кина

Written By Unknown on 14.10.12 | 11:09

Синоќа Бруклин Нетс го одиграа првиот натпревар под новото име, а ерата на Нетси во Бруклин започна со победа над Сиксерс, сепак на гостински терен. За да го дознаеме победникот на овој натпревар ни беше потребно и едно продолжение, откако по регуларните 48 минути беше изедначено 105-105. Бруклин беше подобриот тим во продолжението и направи конечна разлика од 3 поени, што значеше 13-10 во продолжението и конечни 108-105 во полза на Бруклин Нетс.

Ѕвездите на Нетси Дерон Вилијамс и Џо Џонсон воопшто не беа форсирани и одиграа по 25, односно 26 минути. Дерон Вилијамс постигна 14 поени, 6 асистенции и 4 скока, додека Џо Џонсон имаше 13 поени со помош на 3 тројки. Сепак најефикасен во тимот на Нетси беше С.Џ. Вотсон, кој од клупата одигра одлични 30 минути и постигна 19 поени. Исто така 19 поени имаше и стартниот центар на Нетси Брук Лопез, кој во 27 минути имаше и 9 скока и 3 блока. Џералд Волас заврши со 18 поени, 7 скока и 2 блока.

Кај домаќините од Филаделфија, повторно сјаен натпревар од клупата имаше Ник Јанг, кој уфрли 21 поен. Од стартерите најефикасен беше Еван Тарнер со 14 поени и 7 скока, во 33 минути.

Ова утро се одигра и вториот промоциски натпревар помеѓу Мајами Хит и ЛА Клиперс во Кина, а овојпат Клиперси беа подобри со враќањето на нивниот плејмејкер Крис Пол.

ЛА Клиперс победија со конечни 99-89, откако доминираа низ скоро целиот натпревар. Крис Пол сепак одигра само 22 минути во своето враќање и постигна само 4 поени, но имаше 6 асистенции. Најзаслужен за победата на Клиперс сепак беше Деандре Џордан, кој имаше перфектна 8-8 реализација од поле. 18-те поени ги надополни со 9 скока и 2 изблокирани шута. Блејк Грифин заврши со 13 поени и 10 скока, додека Џамал Крофорд имаше 15 поени од клупата. 

Кај Мајами Хит најдобар играч беше Родни Корни, кој од клупата одигра 28 минути и постигна 15 поени и фати 5 скока. ЛеБрон Џејмс и Крис Бош постигнаа по 11 поени во 20 минути на паркетот, додека Двејн Вејд одигра само 8 минути.


На останатите натпревари:

Њу Јорк 98 - 95 Бостон (продолжение)
Вашингтон 99-95 Кливленд
Чикаго 85-92 Минесота
Детроит 91-108 Милвоки
Јута 99-86 ЛА Лејкерс

0 comments:

Post a Comment