Home » , » Џош Смит нема да продолжи со Атланта во текот на оваа сезона

Џош Смит нема да продолжи со Атланта во текот на оваа сезона

Written By Unknown on 14.10.12 | 16:21

Џош Смит им кажал на челните лица на Атланта Хокс дека тој нема да потпише продолжување на договорот во текот на оваа сезона. 

Голема е веројатноста тој да почека до следното лето, кога всушност ќе биде слободен играч и ќе биде во можност да потпише  5 - годишен, максимален договор. Според правилата на НБА лигата, доколку Смит би потпишал договор до 31. Октомври оваа година, тој договор би можел да биде максимално до 3 годишен. Доколку тој почека за да постане ограничен слободен играч до наредното лето во 2013, тој ќе може да потпише максимален, 5 - годишен договор со Атланта Хокс.

Ова не значи дека тој нема да продолжи со Атланта Хокс, но останува и каква - таква шанса тој да се одвои од својата сегашна екипа. ГМ на Хокси Дени Фери до сега не се изјасни за тоа дали мисли да го задржи Смит и да гради околу него или да го трејдува во текот на оваа сезона. Останува да видиме ...

0 comments:

Post a Comment