Home » , » Дерик Роуз :“Ако треба ќе ја пропуштам и цела сезона“

Дерик Роуз :“Ако треба ќе ја пропуштам и цела сезона“

Written By Anonymous on 11.10.12 | 16:40


derrick-rose-lebron-james
Еден од најдобрите играчи на денешницава и лидерот на Чикаго Булс, Дерик Роуз би можел да ја пропушти цела 2012/13 сезона.

Роуз ги скина предните лигаменти од коленото во април оваа година, поради што неговиот тим, кој важеше за фаворит за титулата изгуби во првата рунда од Сиксерси со 4-2.

Роуз по тоа беше приморан на операција, а рехабилитацијата треба да трае од 8-12 месеци. Тоа значи дека плејмејкерот на Булс би можел да се врати најрано во февруари, но доколку опоравувањето се продолжи на 12 месеци, тогаш би можел да ја пропушти цела сезона.

“Искрено, нигде не се брзам. Ако треба ќе ја пропуштам цела сезона и ќе се вратам тогаш кога ќе бидам потполно спремен.“ - вели Роуз во едно интервју.

Новата НБА сезона започнува на 30 овој месец, а ја отвараат Бостон и Мајами.

0 comments:

Post a Comment