Home » , » Дерон Вилијамс има ситна повреда на зглобот

Дерон Вилијамс има ситна повреда на зглобот

Written By Dragan on 26.10.12 | 22:13

Бекот на Бруклин Нетс, Дерон Вилијамс прими инекција како начин на залечување за зглобот кој ситно го повреди во четвртокот и ќе отсуствува на 2 тренинга на тимот.

“Знеме дека не е ништо сериозно со Д-Вил и дека ќе отсуствува од наредниве 2 тренинга, но мислиме дека ќе биде возможно да се врати на тренинг во недела и понеделник.“ - изјави Ејвери Џонсон, тренерот на Нетси.

Нетси ја отвараат новата сезона на 1ви Ноември против градските ривали Њу Јорк Никс, токму во новиот Барклајс центар.

“Има доста време за Дерон да заздрави од оваа ситна повреда и мислам дека ќе биде во ротацијата на тренерот за натпреварот против Никси.“ - изјави неговиот соиграч од Нетси, Џо Џонсон.

0 comments:

Post a Comment