Home » , , » Тибодо: “Џордан пред Леброн, барем засега“

Тибодо: “Џордан пред Леброн, барем засега“

Written By Dragan on 26.10.12 | 22:22

Ох,одлично. Уште една Леброн vs. Џордан дискусија. Барем овој пат мислењето доаѓа од тренерот на Булс, Том Тибодо, кој бил тренер против двајцата (асистент тренер во Никс во деведесетите). 

На прашањето, тој одговори многу логично:

“Можеби би требало да почекаме додека Леброн не стигне кон залезот на својата кариера и тогаш да го споредуваме со најдобрите на сите времиња. Тие се различни, но мислам дека е тешко да се споредуваат се додека Леброн не ја заврши својата кариера. Затоа ќе мора да почекаме, иако и двајцата се одлични. Џордан имаше одлична кариера, Коби има одлична кариера, Леброн има одлична кариера, но тој е сеуште млад и допрва претстои долг пат пред него. Но Џордан вршеше притисок на многу начини, иако играта тогаш бешe поинаква од оваа денес, многу по физичка од денес.“
“Јас би рекол, Џордан беше најтешкиот играч за планска одбрана токму поради сите проблеми кои тој ги задаваше и поради начинот на кој тој доминираше за да ги освои 6-те титули. Во целата таа приказна јас бев на другата страна со Њу Јорк Никс, со кои водевме одлични битки и мислев дека имавме одличен тим, но тоа што Џордан го прикажа против нас беше неверојатно. Но како што реков, ќе мора да почекате до крајот на кариерата на било кој играч за да би направиле било каква споредба.“ - додаде Тибодо.

Да почекаме додека не ги дознаеме сите факти ? Мудро гледиште Том.

Иако Леброн ја нема репутацијата на Џордан ниту одблизу и веројатно нема ни да ја достигне, сепак со самото тоа што го споредуваме со Џордан покажува до кое ниво ја има доведено играта. Тој созреа ментално, доволно за да ги искористи своите физички предиспозиции (кои патем се далеку повисоки од оние кои Џордан ги имаше), но тоа што го одделува Џордан од останатите е психичката спремност и кондиција, а тоа е нешто за кое не сме сигурни дека Леброн може да го постигне. Или можеби би требало да почекаме додека кариерата на Леброн не заврши, како што Тибс не советува.

0 comments:

Post a Comment