Home » , » Мајами со блиска победа над Спарси дома; анализа и резултати на останатите натпревари

Мајами со блиска победа над Спарси дома; анализа и резултати на останатите натпревари

Written By Unknown on 21.10.12 | 10:18

Сан Антонио Спарс и Мајами Хит го одиграа дерби натпреварот во Флорида на синоќешната претсезонска програма, а домаќините успеаја да се изборат за блиска победа од 104-101.

Во натпревар во кој Хит играше без нивната главна ѕвезда - ЛеБрон Џејмс и со многу ниска стартна петорка (Кол, Вејд, Ален, Батие, Бош), тековните шампиони треба да бидат задоволни од конечниот исход, односно победата над Сан Антонио Спарс. Од овие стартери најефикасен беше Двејн Вејд со 13 поени и 5 асистенции, но подобри беа Рашард Луис (15 поени, 3 тројки) и Мајк Милер (12 поени, 5 скока, 4 асистенции) од клупата. Новиот Џош Харелсон исто така одигра солиден натпревар со 10 поени од клупата.
За Спарси најефикасен беше Дени Грин со 17 поени, а неговата реализација од линијата за три  поени беше феноменална - 5-8. Тим Данкан заврши со 15 поени и 7 скока, а Гери Нил имаше 12 поени од клупата.

Индијана Пејсерс и Мемфис Гризлис исто така одиграа близок и интересен претсезонски натпревар во Индијанополис, каде што Пејсерс на крајот славеа со 83-80.

Џералд Грин имаше одличен натпревар за Пејсерс, постигнувајќи 18 поени и 4 скока. Рој Хиберт имаше 14 поени и 10 скока, а Пол Џорџ заврши со ист број на поени (14) и 7 скока. Новодојдениот Јан Махими беше одлично освежување од клупата со 13 поени и 7 скока.
Додека Марк Гасол и Зек Рендолф ги одиграа своите минути од клупата за Гризлис, Морис Спејтс беше најефикасен стартер со 10 поени и 8 скока. Сепак Марк Гасол со своите 13 поени, 6 скока и 4 асистенции и Зек Рендолф со 15 поени си ја завршија својата потребна работа.

На останатите натпревари:

Далас 94-110 Атланта
Њу Јорк 98-109 Бостон
Шарлот 80-85 Детроит
Вашингтон 102-94 Милвоки
ЛА Клиперс 91-99 Јута 

0 comments:

Post a Comment