Со 9-те натпревари синоќа им ставивме крај на претсезонските натпревари, а последната ноќ ја одбележаа победата на Хорнетс над Мајами и шоуто на Мајкл Бизли во победата на Феникс над Денвер.
Њу Орлеанс Хорнетс успешно ја завршуваат претсезонската турнеја, откако синоќа со победа од 96-89 ги совладаа тековните шампиони Мајами Хит на гостински терен.
Ентони Дејвис покажа зошто е пик број 1 на драфтот и им приреди шоу на домашните фанови во Мајами. Во натпреварот Ентони Дејвис имаше 24 поени, 11 скока и 3 украдени топки, со што беше убедливо најефикасен на натпреварот. Гриваз Васкез исто така одигра солиден натпревар со 18 поени, 10 асистенции и 5 скока. Рајан Андерсон во 30 минути од клупата постигна 17 поени и 7 скока, а 15 од 17-те поени на Андерсон дојдоа од линијата за 3 поени (5-8 реализација).
Кај домаќините од Мајами, Крис Бош беше одличен со 21 поен и 10 скока, додека ЛеБрон Џејмс имаше 19 поени, 8 скока и 4 асистенции. Двејн Вејд заврши со 15 поени, но само тој имаше дури 7 изгубени топки.
Уште еден интересен натпревар се играше во Аризона, каде што Феникс Санс со убедливи 88-72 ги победија Денвер Нагетс.
Мајкл Бизли си водеше свое шоу на домашен терен, откако заврши со 29 поени, 10 скока и 1 блок. Горан Драчиќ одигра исто така солиден натпревар со 13 поени и 6 асистенции. Освен Шенон Браун со 10 поени од клупата, ниту еден останат играч немаше над 8 поени, но сепак овие тројца играчи беа доволни за победа на Феникс.
Дебитантот Џордан Хамилтон одигра солиден натпревар за Денвер, откако влезе од клупата за 15 поени и 10 скока во 27 минути. Кенет Фарид заврши со 12 поени, а од клупата Ентони Рендолф постигна 10 поени и 8 скока. Треба да се каже дека тренерот Џорџ Карл ги одмараше своите главни ѕвезди на тимот и Нагетс играа без услугите на Игуадала, Галинари, МекГи, а Тај Лосон одигра само 20-тина минути на натпреварот.
На останатите натпревари:
Хјустон 108-92 Орландо
Индијана 90-97 Чикаго
Атланта 88-104 Детроит
Торонто 120-106 Мемфис
Минесота 100-76 Милвоки
Шарлот 82-99 Далас
Вашингтон 85-100 Сан Антонио
Погледнете ги и најдобрите 10 потези од синоќа:
0 comments:
Post a Comment