Home » , » Повредата на Тајсон Чендлер не е ништо сериозно, забележана како ден-на-ден

Повредата на Тајсон Чендлер не е ништо сериозно, забележана како ден-на-ден

Written By Unknown on 26.10.12 | 16:47

Њу Јорк Никси обелоденија во јавност дека повредата на коленото на Тајсон Чендлер не е многу сериозна, а сега за сега се води само како ден-на-ден повреда и нема точно време за негово враќање.

Чендлер беше повреден на градското дерби против Бруклин Нетс уште на самиот почеток на натпреварот, кога случајно се судре со Џералд Волас. Тој можеше да оди без помош до соблекувалната, но никој не сакаше да ризикува и Чендлер веќе не заигра на истиот натпревар. 

Њу Јорк Никс ја отвараат сезоната на 1. Ноември против Бруклин Нетс, а повредите почнуваат да стануваат проблем за нив. Да потсетиме дека Маркус Кемби и Амаре Стадемаер ќе го пропуштат стартот на сезоната.

0 comments:

Post a Comment