Home » , » Тајсон Чендлер не верува дека Мело ќе го смени стилот на игра

Тајсон Чендлер не верува дека Мело ќе го смени стилот на игра

Written By Dragan on 26.10.12 | 21:31

Ѕвездата на Њу Јорк Никс, Кармело Ентони вети дека ќе го смени својот стил на игра, а тоа значи дека ќе се обиде да повеќе тимски играч, да биде плејмејкер и што помалку да поентира со изолација.

“Веќе завршив со оние мои 35, 40 поени на натпревар, само за да победам. Не ја сакам веќе таа улога.“ - беше изјавата на Мело.

Тајсон Чендлер, тековниот дефанзивец на годината и соиграч на Кармело Ентони во Никси, не верува дека ќе се случи промена во играта на Мело.

“Тоа едноставно нема да се случи. Мело има инстикт за да постигне поени, нешто што го имаат многу малку играчи во лигава. Мислам дека нема шанси Мело да се смени, тој ќе остане истиот, стар Ентони.“ - изјави Кармело Ентони пред да се повреди против Нетси во четвртокот.

Амаре Стадемаер и Тајсон Чендлер можеби ќе бидат отсатни во првата недела од сезоната, но тука се Рејмонд Фелток и Џ.Р. Смит. Иако Мело ќе биде запрашан да игра на крилната центарска позиција, офанзивата мора да оди повторно преку него... барем за одредено време.

0 comments:

Post a Comment