Home » , » Одом :“Клиперс се покомплетен тим од оној на Лејкерс во шампионските денови“

Одом :“Клиперс се покомплетен тим од оној на Лејкерс во шампионските денови“

Written By Anonymous on 3.10.12 | 10:26


Крилото на Лос Анџелес Клиперс, Ламар Одом деновиве изјави дека моменталниот состав на Клиперс е "најдлабокиот" состав во кој играл тој играл досега, а со ова ги вклучува и Лос Анџелес Лејкерс во годините кога се појавија во три последователни финалиња, освојувајќи две од нив. 

Како "најдлабок", подразбираме состав кој е најкомплетен, односно е добро пополнет на сите позиции и кој има долга и квалитетна клупа.

"НЕ!" - одговори Одом во петокот кога беше прашан дали некогаш бил дел од некој тим толку "длабок" како Клиперси оваа сезона.

"Сум бил дел од добри тимови. Играв за тим кој беше три пати по ред НБА финалист. Треба да бидеш доста добар за да стигнеш до финалето.“

Но титулите не се освојуваат само со зборување и гледање на еден состав. Ние сите сме биле сведоци на одлични екипи за кои сите сме мислеле дека ќе станат шампиони, но овој тим е изграден за да се држи рамо до рамо со најдобрите во НБА. Ако ние во моментов се најдеме во ситуација да играме серија од седум натпревари против било кој од најдобрите тимови, јас очекувам голема борба од наша страна!"

0 comments:

Post a Comment