Home » , » Пол Пирс очекува Рондо да погодува и шутеви

Пол Пирс очекува Рондо да погодува и шутеви

Written By Unknown on 2.10.12 | 20:32

Знаеме дека плејмејкерот на Селтикс Ражон Рондо често знае да се "загрее" и да постигне лесни и неочекувани поени со шутот од поле. Не со неговите препознатливи влезови, туку со типичен шут. Тоа е нешто што е подобрено драстично во играта на Ражон Рондо.

Пирс кон Рондо: “Toj погодува шут. Тој се повеќе шутира. Токму тоа ние очекуваме од него. Тој е нашиот лидер.”

Со заминувањето на Реј Ален, Пол Пирс е меѓу најдобрите шутери во Бостон Селтикс, ако не и најдобар после Џејсон Тери. Но покрај чувството за шут, Пол Пирс е повеќе како комплетен играч.

Покрај се, интересно е да чуеме од играч и шутер пред се од класата на Пол Пирс, да му препорача повеќе да шутира на најслабиот шутер меѓу елитните плејмејкери во лигата, кој всушност е во истиот тим со него.

Ражон Рондо шутираше 45% од поле лани. Статистиките ни укажуваат дека тој шутирал 39% од растојанието помеѓу тројка и слободните фрлања. Тој беше подобар, но не беше константен. Ова е голем предизвик за неговата игра, оваа година ќе има најголемо влијание како ќе се одвива кариерата на Рондо и колку титули тој ќе освои.

0 comments:

Post a Comment