Home » , » НБА лигата става крај на симулациите

НБА лигата става крај на симулациите

Written By Anonymous on 4.10.12 | 11:31


david_stern
Денес од управата на НБА лигата официјално го објавија новото правило за предстојната НБА сезона. Ќе започнат да се казнуваат симулирање прекршок, нешто за кое долго време траеше расправа.

Приговорите за симулирање на играчите често се споменуваа на крајот на минатата НБА сезона, а сега НБА лигата одлучи да го направи чекорот кој ќе спречи такво нешто. За првото симулирање во сезоната играчот ќе биде казнет со 5000 долари. Следната симулација ќе му одземе 10000 долари, 15000 и 30000 долари. Ако играчот биде фатен 6 или повеќе пати каде што симулира ќе се состане со дисциплинскиот одбор кој ќе одреди казна за играчот, а казните нема да бидат само паричини туку и ќе има и суспензија од еден, два или повеќе натпревари.

Наведените казни вредат само за сезоната, додека за плејофот надокнадно ќе бидат објавени правилата и казните.

“За симуливање нема место во нашата игра.“ - изјави Сту Џексон, извршниот потпретеедател на кошаркарската операција на играта. “Со тоа играчите сакаат да ги излажат судиите за навивачите да мислат дека судијата ќе им суди фаул. Строго го уведуваме ова казнување кое се спроводи на гледањето на снимките кое утврди дека има симулација.“

Секако одма се јавува проблем одредувањето на симулирање, дали е или не е, а најголемиот фактер ќе биде начинот на кој играчот реагира откако го допира соиграчот, т.е ако реакцијата биде пребурна или преизразена, судиите тоа ќе го сметаат за симулација.

Дали со ова ќе се реши проблемот со симулирање или не, останува да видиме, но мислиме дека ваквите потези ќе се смалат, но нема да исчезнат засекогаш од кошаркарските терени бидејќи казните се премногу мали за кошаркарите. Ова веројатно е само првиот чекор, а по оваа сезона ќе се види дали ова решение има влијание, т.е дали ќе биде потребно да се вовдеуваат нови казни за играчите.

0 comments:

Post a Comment