Home » , » Дејвид Штерн :“Сан Антонио ќе биде казнет, навивачи извинете“

Дејвид Штерн :“Сан Антонио ќе биде казнет, навивачи извинете“

Written By Anonymous on 30.11.12 | 22:12


Комесарот на НБА лигата најавува казна за Спарси поради тоа што играа со резервниот тип против Мајами.

Комесарот на НБА лигата Дејвид Штерн имаше конференција за новинарите непосредно пред почетокот на мечот помеѓу Мајами и Сан Антонио во која ја критикуваше одлуката на тренерот на Спарси, Грег Попович на Флорида да допатува без главните играчи. Тој најави дека НБА лигата остро ќе го казни Сан Антонио за оваа кои според Штерн им направиле огромна неправда на навивачите.

Во Американ Ерлајнс Центарот ноќеска е одигран еден од дерби натпреварите во НБА лигата помеѓу Мајами и Сан Антонио. Меѓутоа тренерот на Спарси на овој меч не ги доведе неговите главните играчи Тим Данкан, Ману Џинобили, Тони Паркер и Дени Грин. Таквата одлука на Попович подигна голема прашина во НБА лигата,а по тој повод се огласи и првиот човек на НБА лигата Дејвид Штерн кој беше изфрустриран заради отсуството на најголемите звезди на Спарси.

“Во име на организацијата на НБА лигата сам да им се извинам на сите навивачи кои ја следат НБА лигата. Одлуката на челниците на Сан Антонио на мечот да не ги доведат главните звезди е срамна и понижувачка и остри санкции сигруно ќе има“ - изјави Штерн

Сепак резервниот состав на Спарси се покажа како тврд орев за Мајами и малку им недостасуваше да ја однесат победата од Флорида. На крајот мечот заврши со резултат 105:100, а тренерот на Спарси Грег Попович беше изненаден со најавата дека можеби ќе ги казнат него и неговата екипа.

“Слушнете, јас зад себе имам резултати кои ми говорат дека во животот сум донесувал квалитетни одлуки. Некои работи ги направимевме за прв пат, а се испостават како добри. Никогаш не би постигнал такви резултати да не знам да си ја работам работата и да не учев константно. Сметам дека тоа беше најдобра одлука. Вакви потези повлекував и во минатото кои се испоставуваа како добри. Можеби овој одмор за Данкан, Паркер и останатите ќе биде баш она што им е потребно за да го победат Мемфис во наредниот меч“ - завши Попович.

Попвич својата одлука да ги одмори играчите на почетокот на сезоната детално ја објасни. Инаку оваа не е прв пат тренерот на Спарси да се реши на ваков потег. Слично нешто направи и против Јута минатата година, но тогаш немаше никаква санкција. Со мислењето на тренерот на Спарси се сложи и играчот на Мајами ЛеБрон Џејмс кој натпреварот го заврши со 23 поени.

“Навистина сум изненаден од драмата што ја прави Штерн. Ако мене ме прашувате, Поп (Грег Попович) не направи ништо лошо. Видете, не постои никаков правилник на кој пишува дека е забрането да се испрати вториот тим на некој натпревар. Меѓутоа очигледно комесарот со тоа не се сложува, тој ќе донесе одлука која сите останати ќе мора да ја прифатат.“ - изјави ЛеБрон Џејмс.

На јавноста се уште не и е јасно каква чорба се готви во кујната на Дејвид Штерн и какви санкции ќе има против Спарси и Грег. Да се потсетиме, кога минатиот пат во април оваа година, Попович ги изостави најважните играчи,челниците на НБА тоа не го сметаа како погрешен или нелегален потег на тренерот.

“Стратешкото одмарање на поедини играчи е право на секој од тимовите. Така гледајки сите знаеме дека Попович е посебен тренер кој има свои методи и на тоа никој неможе да му замери бидејки константно прави добри резултати.“ - изјави во април Адам Силвер, заменик на комесарот Дејвид Штерн.

0 comments:

Post a Comment