Home » , , » Рондо повторно самоуверено вели дека е најдобар PG во лигата

Рондо повторно самоуверено вели дека е најдобар PG во лигата

Written By Unknown on 11.10.12 | 22:48

Ражон Рондо повторно самоуверено вели дека е најдобриот плејмејкер во лигата. Сме го слушнале и претходно да зборува на таа тема, но овојпат беше многу јасен во една негова изјава.

Во едно интервју за „Boston Common Magazine“ Рондо даде објаснување за неговото мислење дека тој е најдобриот PG во НБА лигата моментално.

“Некои фанови ќе погледнат натпревар на еден елитен PG во НБА лигата, кој одиграл натпревар со 26 поени, 7 асистенции и 8 скока и ќе кажат дека тој одиграл супериорен меч. Но во оваа лига има многу талент што може да ти биде голема конкуренција. Но, тоа што ги дели големите играчи од останатите е доминацијата на натпреварите константно. Јас можам да ја доминирам играта на повеќе начини, не само гледано од страна на бројките и статистиките.“ - изјави Рондо.

“Мојата дефиниција за тоа колку добар плејмејкерот може да биде е малку поразлична од другите мислења. Ќе ви дадам пример: Ако тренерот (Док Риверс) биде исфрлен надвор од натпреварот поради некоја причина, јас можам да го контролирам тимот за остатокот од натпреварот. Јас знам кои акции да ги повикам и знам кога треба да се повика тајм-аут. Не е само постигнувањето на поени. Не постојат многу играчи во лигата моментално, кои што можат да го превземат натпреварот во име на тренер. Во таа категорија, мислам дека сум најдобар.“ - заврши Рондо.

Проблемот е во тоа што кога ќе спомене "кој е најдобар" темата на конверзација, неможете да го ставите само Рондо на чело и да ги исфрлите сите останатите плејмејкери. Елитни плејмејкери. Рондо е одличен лидер на Селтикс и знае понекогаш тотално да го превземе натпреварот. Тој исто така е и одличен дефанзивец.

Но, Крис Пол ги прави сите овие работи и е одличен шутер. Всушност тој е исто добар или дури и подобар во контролирање на темпото на мечот. Пол има и поголема клучност и знае да го превземе натпреварот и да постигне од тешки позиции кога е најпотребно. И додека Рондо може да превземе натпревар кога Док Риверс е исфрлен, Крис Пол го има Вини Дел Негро на тренерската позиција секој натпревар. 

Ова беше само пример со Крис Пол, бидејќи според многумина (па и според мене) тој е најдобриот PG што го има НБА лигата моментално. Пол, Рондо, Роуз, Вилијамс ... тоа се само елитни плејмејкери и лидери на нивните тимови, што имаат свој и тотално различен стил на игра (Стив Неш е чекор поназад, поради неговата слаба одбрана и годините). 

Тоа што Ражон Рондо мисли дека е најдобар плејмејкер во НБА лигата е всушност добра работа. Тоа е само подигнување на неговата самодоверба и така им влегува на натпреварите на поинаков начин. 

0 comments:

Post a Comment