Home » , » Ендру Бајнам очекува да заигра годинава, но сеуште чувствува болка во коленото

Ендру Бајнам очекува да заигра годинава, но сеуште чувствува болка во коленото

Written By Unknown on 11.12.12 | 21:26

Играчот околу кој Филаделфија сака да ја гради својата иднина, останува да биде повреден и неговото враќање на терените да биде под знак прашалник. 

Ако сакате утеха, Бајнам би можел да се врати до крајот на оваа сезона и сигурно ќе заигра. Во очекување е уште една MRI снимка на коленото на Бајнам, што треба да го разгледаат докторите и да укажат до каде е работава. И покрај тоа, Ендру вели дека во најлош случај тој би можел да пропушти уште некој месец. 

“Чувствувам болка во коленото кога одам, па ќе биде навистина глупо да почнам да играм кошарка и да ја влошам ситуацијата. Ако играме директно во Финалињата и имаме шанси да победиме, би заиграл веднаш. Всушност кој не сака да биде дел од таков настан. Но, зошто да ризикувам и да се вратам на играњето кошарка, кога имам доста време да закрепнам и да бидат 100 % здрав.“ - изјави Ендру Бајнам.

Ова само додава сол на раната на фановите на Сиксерс и го влошува мислењето на челните луѓе на Филаделфија, кога тие размислуваат за продолжување на неговиот договор ова лето.

Нешто на што гледаме оптимистички е MRI снимката која ќе биде изработена на 20. Декември, па тогаш ќе дознаеме многу за иднината на Бајнам. Но реалноста е фактот што ако чувствува болка додека оди, кога ќе може Бајнам конечно да го видиме како игра кошарка во дресот на Филаделфија ?

0 comments:

Post a Comment