Home » , » Мајами со лесна победа над Клиперс на првиот натревар во Кина

Мајами со лесна победа над Клиперс на првиот натревар во Кина

Written By Unknown on 11.10.12 | 23:11

Мајами Хит и ЛА Клиперс го одиграа првиот промоциски натпревар во Пекинг, Кина, а Мајами лесно славеше со 94-80 во улога на гостин.

Првенствено, ова беше натпревар за промоција и радување на публиката во салата во Пекинг, но имаше и натпреварувачки секвенци во овој меч. 

ЛеБрон Џејмс заврши како најефикасен на овој меч со 20 поени, 5 скока и 5 асистенции на овој натпревар, а веднаш позади него беше Реј Ален со 15 поени. Крис Бош имаше 10 поени и 4 скока.

Кај ЛА Клиперс најдобар беше вообичаено Блејк Грифин, во отсутсво на Крис Пол. Грифин даде се од себе и одигра рекордни 32 минути на теренот, постигнувајќи 19 поени и 8 скока. Џамал Крофод уфрли 16 поени од клупата, а Карон Батлер беше втор најдобар стартер, постигнувајќи 13 поени во 23 минути.


На останатите натпревари:

Њу Јорк 108-101 Вашингтон
Филаделфија 102-95 Орландо
Њу Орлеанс 90-87 Шарлот
Макаби Хаифа 100-108 Голден Стејт

Погледнете ги и најдобрите 5 потези од синоќа:

0 comments:

Post a Comment