Home » , » Сопственикот на Визардс е искрен ... не мисли на плеј-оф

Сопственикот на Визардс е искрен ... не мисли на плеј-оф

Written By Unknown on 6.10.12 | 12:36

Играчите на овој тим како Џон Вол кажаа дека нивна цел е да се влезе во плеј-офот оваа сезона. Вол мисли дека со додатоците како Нене, Окафор и Ариза, тимот може да се пласира во плеј-офот.

Но, зборувајќи за медиумите, сопственикот на Вашингтон Визардс Тед Леоинс кажа дека плеј-офот е премногу голем залак оваа сезона. На овогодинешниот драфт тој изјави дека уште година со пик во лотаријата веќе не е опција. Тимот оди понатака.

Погледнете што тој изјави за „CSNWashington“ :

“Сите мислиме дека е неприфатливо за нас повторно да завршиме со вториот или третиот најлош рекорд на истокот. Тоа ќе биде неуспех за тимот, а пред се неуспех и за мене. Мислам дека сме многу подобри од лани. Имаме млади играчи кои ќе успеат во иднината во оваа лига.“

Леонис зборуваше многу за процесот на преградување ова лето, како и тоа дека е задоволен што тимот го драфтуваше Бредли Бил со третиот пик.

Меѓутоа, тој истакна дека плеј-офот е далеку за нив, барем оваа сезона.

“Всушност тоа е комбинација на сите мали нешта и сите инвестиции што ги направивме во последно време, тука е нашето подобрување. Со ваков тим, зошто да не пробаме да направиме еден притисок кон влез во плеј-офот. Јас сум оптимист и не сакам да ги разочарувам моите играчи и тренери, но мислам дека плеј-офот е сеуште далеку за нас. Но, има доста време за подобрување.“ - додаде Тед Леонис.

0 comments:

Post a Comment