Home » , » Не се залажувајте, Коби сеуште ги предводи Лејкерс...барем засега

Не се залажувајте, Коби сеуште ги предводи Лејкерс...барем засега

Written By Anonymous on 4.10.12 | 13:08


Дали за момент се посомневавте дека Коби не е повеќе лидер во тимот?

Ова исто така била една од причините која го направила Двајт Хауард неодлучен околу преоѓање во Л.А. Лејкерс. Коби и Двајт разговарале минатата година и Коби му посочил на Двајт дека Лејкерс му припаѓаат нему и дека Хауард ќе претставувал само едно офанзивно и дефанзивно засилување. Двајт беше навикнат да биде човекот на одлука, не само спореден играч кој треба само да брани и да ги собира отпадите од обрачот. Но сепак работите може во иднина да се сменат за него.

Коби Брајант се најде во малку непријатна ситуација кога репортерката Рамона Шелбурн од ESPNLA.com го постави прашањето околу тоа кој го води тимот. Еве како Коби проба да возврати со дипломатски одговор и како од срце одговори:

“Пред некое време ми го поставија истото прашање. Не сакам да навлегувам во темата, бидејќи ние делиме еден... Не, тимот е мој. Сеуште е мој. Но сакам да се осигурам дека во иднина кога ќе се пензионирам токму кај Двајт Хауард да припадне лидерската улога. Сакам да го научам се што знам и што сум искусил со цел да тече се како што треба во организацијата и да не се забележува дека ме нема.”

Ова е реалниот одговор што го добиваме од Коби. Оваа ситуација е скоро иста како да го прашувате тренерот Мајк Браун за тоа кого би назначил да го шутира последниот погодок за победа. Реално, прва опција е нормално Коби Брајант, но сега имаме поголем избор доколку одбраната не прочита и тргне на него. Останува да ја дочекаме сезоната за да дознаеме.

0 comments:

Post a Comment