Home » , » Рашид Валас и официјално потпиша со Никс, тој е дел од нивниот тренинг - камп

Рашид Валас и официјално потпиша со Никс, тој е дел од нивниот тренинг - камп

Written By Unknown on 4.10.12 | 12:03

  Сега е и официјално: Рашид Валас е дел од Њу Јорк Никс !

Откако го пропушти првиот ден од тренинг - кампот на Никси, Рашид Валас се договори за неговата плата и беше дел од тренингот во средата. Валас ќе го носи бројот 36 на дресот на Никси.

Неговиот договор ќе биде 1.7 милиони долари за една година.

Валас во кариерата имаше просечно од 14.6 поени, 6.7 скокови, 1.8 асистенции и 1.3 блокови. Тој играше 15 сезони во Вашингтон, Портланд, Атланта, Детроит и Бостон. Тој четири пати беше во Ол-Стар тимот (2000, 2001, 2006, 2008) и освои титула во 2004 со Детроит Пистонс, во тоа време помошен тренер на Детроит беше сегашниот на Никс -- Мајк Вудсон.

Последен пат играше за Бостон во 2009-10, а просечно имаше 9.0 поени, 4.1 скок, и 1.0 асистенција во 22.5 минути во 79 натпревари одиграни. Тој беше избран како четврти пик од Вашингтон во првата рунда во 1995, откако дојде од Северна Каролина.

Ова носи уште еден ветеран во нивната соблекувална. И ги прави навистина стар тим. Ова лето тие ги додоа Џејсон Кид (39 години), Курт Томас (40 години), Маркус Кемби (38), Рашид Валас (38) и аргентинецот Пабло Приџони (35 години). 

0 comments:

Post a Comment