Рики Рубио се повреди во Март минатата сезона, додека Дерик Роуз ги искина лигаментите на крајот на Април. И двајцата играчи се плејмејкери кои очајно им требаат на своите тимови и ги очекува интересен пат до враќање на терените.
Овие два играча не се во директна битка за нешто, па ниту и нивните тимови. Но, според „Chicago Tribune“ Дерик Роуз има повеќе напредок во својата рехабилитација, отколку Рики Рубио.
“Ова е тешка повреда. Оневожможени сте да го играте вашиот омилен според за 5, 6, 7 месеци. Понекогаш играњето кошарка е единстевен начин да се изолирате од нешто и да заборавите на некои работи. Само му посакувам здравје и брзо враќање на терените.“ - изјави Рики Рубио, зборувајќи за повредата на Дерик Роуз, која воедно и тој ја претрпи.
Во текот на летото и двата играча беа под тешка задача за да го забрзаат кам-бекот на терените и работеа на тоа да останат во форма кога ќе се вратат на НБА кошарката. Иако се повреди подоцна, Дерик Роуз пронајде повеќе време за разлика од Рики Рубио и работеше на скок - шутевите. Рубио сепак неможел да шутира скок - шутеви, па морал да шутира само статички, од место.
0 comments:
Post a Comment