Home » , » Смуш :“Коби е одличен спортист, лош човек“

Смуш :“Коби е одличен спортист, лош човек“

Written By Anonymous on 16.10.12 | 15:31


Бившиот кошаркар на ЛА Лејкерси Смуш Паркер одговри на прозивките на Коби Брајант велејќи дека Коби е многу лош човек.

Брајант неодамна изјави дека Паркер беше најлош од генерацијата 2005/2006 и дека не заслужува да игра во НБА лигата.

Коби има одлична кариера фантастично игра кошарка. Сепак како човек неговата приказна е подруга, не ми се допаѓа како личност. Половина од мојата сезона пробував да зборувам со него. Сепак ми беше соиграч и колега, го гледав секој ден на теренот. Еднаш започнав да зборувам на тема фудбал, а тој со сериозен изглед на лицето ме погледа и рече дека не можам да зборувам со него. Ми рече дека морам повеќе да постигнам за да стекнам право да зборувам со него. Беше мртов сериозен.“ - додаде Паркер кој сега игра кошарка во Кина.

Паркер покрај тоа кажа уште една “приказна“ во која Коби се одделуваше од екипата.

“Кога патувавме, тој зборуваше само со своето обезбедување. Во авионот седеше сам на крајот. Во една прилика Фил Џексон му даде кредитна картичка на Ламар Одом за да излеземе на вечера и да изградиме тимски дух за плејофот. Целиот тим седеше заедно на една маса, додека пак Коби имаше своја маса неколку метри од нас. По втората сезона во Лејкерси заминав од клубот бидејќи не сакав да му ги бакнувам стапалата на Коби.“ - заклучува Паркер.

0 comments:

Post a Comment