Home » , » Дражен Петрович

Дражен Петрович

Written By Anonymous on 27.10.12 | 17:06

Дражен Петрович е роден во Шибеник на 22 октомври 1964 година. Родителите Бисерка и Џоле му пружија на Дражен среќно и безгрижно детство кој го помина со својот постар брат Александар (Ацо). Дражен беше прекрасно дете, кое прерасна во одличен човек.

Следејќи го братот Александар, Дражен се запозна со кошарката и по некое време таа стана негова страст. Иако многу време поминуваше играјќи кошарка со пријателите на локалното игралиште, не му беше тешко да вежба сам, па така да тој со саати вежбал на локалното игралиште, главно на шутот. Дражен секогаш ги респектираше своите противници, тренерот и многубројните навивачи. Неговата сериозност беше скриеан зад големата и искрената насмевка во која сите уживаа.

Како што растеја неговите вештини така растеја и барањата кој пред себе ги стави овој великан на светската кошарка. Стана лидер на теренот, а својата пожртвуваност ја покажуваше со тоа како треба да се надигра својот противник. Низ своите непогрешливи партии пружени кон Шибеник и Цибона, Дражен ја импресионираше Хрватска, но и ја преставуваше во интернационален план, и така набрзо стана позна по прекарот кошаркарскиот Моцарт. Тој надимак го доби поради тоа што кошарката успеа да ја претвори во уметност во која секогаш даваше максимум.

Постави нови стандарди во играта, дури и надвор од границите на Југославија, играјќи во Шпанија, а подоцна и во НБА лигата во Портланд и во Нетс.

Дојде во НБА лигата како 60 пик од третата рунда во 1986 година. Во тимот на Портланд не добиваше премногу шанси поради што тимот го имаше Дрекслер и Паксон. Но кога влегуваше во игра, добро знаеше да ги искористи малкуте минути кој му се дадени. Поради незадоволството од играњето во 1991 преку трејд оди во Њу Џерси Нетс каде е стандарден во тимот и покажува што знае. Станува еден од најдобрите шутери во НБА лигата, како за 2 така и за 3 поени. Сите му се восхитуваа како и на играта така и на неговиот каркатер, култура, чесност, добрина. Сон му беше да настапи на Ол Стар натпревар, за жал ова остана само неостварен сон.

На 7 јуни 1993 година на улицата блиску до германскиот град Инглоштад погинува во сообраќајна несреќа. Згаснува еден живот. Цела Југославија, но и пошироко беше во жал за кошаркарскиот Моцарт. Тој живее сега во нас, во сите нас, неговиот спомен ќе остане вечен....

0 comments:

Post a Comment