Home » , » ЛеБрон Џејмс: “Сакам да бидам најдобар на сите времиња !“

ЛеБрон Џејмс: “Сакам да бидам најдобар на сите времиња !“

Written By Unknown on 27.10.12 | 16:18

Новата НБА сезона ни е пред вратата и на 30. октомври почнува првиот натпревар и походот на Мајами кон уште една титула. Конкуренцијата е голема, а дали ќе успее зависи од бројните фактори. Најголем фактор од нив е најдобриот играч на денешницата - ЛеБрон Џејмс.

Џејмс минатата сезона освои се што можеше - МВП на сезоната, МВП на финалето, како и НБА титулата, прва во својата кариера. Со ова ретко кој може да се пофали, а ЛеБрон и натаму сака повеќе.


ЛеБрон Џејмс ја кажа оваа мисла уште кога влезе во лигата, во неговите рани години. Но, сите таа изјава ја проценија како несмислена и карактерот на ЛеБрон Џејмс како незрел за да биде на тоа место.

ЛеБрон Џејмс не е веќе незрел. Прстенот што ќе го добие наредната недела од Дејвид Стерн ќе сведочи многу на таа тема. Џејмс повторно излегува со оваа изјава, во нова ера од неговата кариера.

“Сакам да бидам најдобар играч на сите времиња. Тоа е се.“ - изјави ЛеБрон Џејмс за „Associated Press“.

Уште неколку прстени и доминативни сезони како изминатава сигурно ќе му помогнат во неговата цел. Еве што одговори Џејмс и на тоа дали мисли дека овој прстен ќе му погомне да освои уште многу во иднина.

“Не... не баш. Искрено, немав многу време да размислувам токму на таа тема, но сепак треба да продолжам да играм на високо ниво и останатото се ќе се поклопи. Некои луѓе повторно ќе речат дека покрај овој прстен Џејмс нема да освои уште, но навистина не се замарам со тоа.“

Како и да е, за да се смести неговото име во историјата на НБА лигата ќе треба тој да ја заврши својата кариера, па потоа да се зборува на оваа тима. Се шират многу компарации помеѓу Џејмс и Џордан, Коби и останатите Великани на НБА лигата, но како што напоменавме, ќе треба да зачекаме до крајот на кариерата на Џејмс.

0 comments:

Post a Comment