Home » , » Нагетс го продолжуваат договорот со Тај Лосон

Нагетс го продолжуваат договорот со Тај Лосон

Written By Unknown on 30.10.12 | 22:35

Младиот плејмејкер на Денвер Нагетс, Тај Лосон очекувано потпиша нов договор со неговиот тим, а според „Yahoo Sports“ договорот е вреден 48 милиони долари за 4 години.

“По се изгледа дека ќе бидам дел од Денвер Нагетс за уште 4 години. Им благодарам на ГМ Масаи, сопственикот на тимот и фановите на Денвер што веруваат во мене.“ -  изјави Тај Лосон на социјалната мрежа „Twitter“.


Сега Нагетс ги заклучија на својот ростер Галинари, МекГи, Вилсон Чендлер и Лосон, останува уште да го ловат Андре Игуадала наредното лето, кој што станува слободен играч. Голема е веројатноста тој да продолжи со Нагетс, но НБА "трачарите" мора да си ја вршат својата работа, па ќе има гласини и наредното лето.

0 comments:

Post a Comment