Легендата на НБА лигата и член на Куќата на славните, славниот Скоти Пипен изјави за „ESPN“ дека сака да биде главен тренер на било кој тим во НБА лигата.
“Моја цел моментално е да бидам главен тренер на кошаркарски тим. Сеуште уживам во оваа игра, опкружен сум со оваа игра. Јас сум тип кој отсекогаш ја сакал кошарката и сакал да биде дел од неа.“ - изјави Пипен за „ESPN“.
Што би било најдобра ситуација според него ? Тој да биде главен тренер, а Фил Џексон генерален менаџер на тимот во исто време. Скоти и Фил заедно, како во старите денови.
“Тоа би било одлично. Фил е мнгоу добар човек, има одлично разбирање за играта и сака да биде дел од неа сеуште. Ако тоа сценарио навистина се случи, тоа би бил сонот за мене. Да бидете во тренерски тандем со човекот кој всушност ви бил ментор низ кариерата е голема работа.“ - додаде Пипен.
0 comments:
Post a Comment